• петок, 05 декември 2025

Во Струга навреме отворени сите избирачки места, гласањето тече нормално 

Во Струга навреме отворени сите избирачки места, гласањето тече нормално 

Струга, 2 ноември 2025 (МИА) - Сите избирачки места во општина Струга се отворени навреме, точно во 7 часот, потврди за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

Процесот на гласање, според него, се одвива во најдобар ред.

- Сите 101 избирчако место во општина Струга се отворени на време и  процесот на гласање тече нормално и во најдобар ред, изјави Жута.

Во Струга и струшко, во единствениот избирачки список, според Државната изборна комисија има 62 711 гласачи. За гласање во домашни услови беа пријавени 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници.

Во трката за градоначалник во вториот круг останаа двајца од деветмина кандидати, кои учествуваа во првиот круг пред две недели. сс/лв/

Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан